Надал во солзи ги слушаше пораките на Ѓоковиќ, Федерер, Серена... (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал ја заврши кариерата откако го имаше последниот настап за репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето на Дејвис Купот.

Поразот на Шпанија падна во сенка на збогувањето на Надал, кој во солзи на теренот ги слушаше пораките од неговите поранешни колеги Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Хуан Мартин Дел Потро, Серена Вилијамс и други.