Шок за Албанија: Почна како втора, на крајот испадна во Ц-дивизијата
Во следното издание од ова натпреварување, селекцијата на нашиот западен сосед ќе игра во Ц-дивизијата затоа што вечерва доживеа шокантен пораз од Украина со 1-2. Во пресрет на последното коло, Албанците беа втори, со бод помалку од Чешка и им требаше нерешен резултат за го освојат второто место кое води во баражот за пласман во повисок ранг.
Место тоа, ги разочараа своите навивачи во Тирана. По само десет минути игра Украина водеше со 2-0 со головите на Зинченко и Јаремчук. Бајрами намали дури во 75. минута од пенал, но Албанија не успеа да дојде до посакуваното израмнување.
На крајот Албанците завршпија на последното место во групата со 7 бода колку што има и третопласираната Грузија, но е со послаба гол-разлика и затоа за две години ќе игра во третиот ранг по квалитет.