„Враќањето на Раниери е одвратен потег на браќата Фридкин, на Рома ѝ треба нешто ново“
Касано смета дека 73-годишниот стручњак не е вистинското решение за Рома која сезонава веќе смени двајца тренери.
„Браќата Фридкин не разбираат дека навивачите на Рома не се глупави. Мислам дека тие направија уште поголема глупост затоа што во обид да го смалат притисокот врз себе, а во исто време да не го вратат Де Роси, одлучија да ангажираат некого кого навивачите го сакаат, но кој не е вистинско решение. Со целосен респект кон Раниери кој е вистински џентлмен, тој самиот рече дека ја завршува кариерата. Што може тој да направи во клуб како Рома? Мислам дека потегот на газдата е одвратен“, рече Касано.
Раниери ќе биде вкупно четврти тренер на Рома во 2024 година која ја почна Жозе Мурињо, на негово место беше ангажиран Даниеле де Роси, а до минатата недела беше Иван Јуриќ.