Јувентус остана без главниот напаѓач за дербито против Милан

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе мора да паузира надвор од терените откако се повреди во завршницата од мечот против Данска во шестото коло од Лигата на нации.

Влаховиќ побара принудна замена на дуелот со Данска, а денешните медицински прегледи покажуваат дека повредата на Србинот не е тешка, но не е ниту наивна.

Јувентус ќе ја следи ситуацијата на Влаховиќ и во следните денови, меѓутоа речиси сигурно нема да ризикува посериозна повреда на напаѓачот.

Според прогнозите, Влаховиќ нема да настапи во дербито против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и мечот против Астон вила во Лигата на шампиони.

Србинот оваа сезона настапи на 16 меча за „Старата дама“, а притоа постигна девет голови и една асистенција.