Гвардиола ги израдува навивачите - останува во Сити уште една година!
Актуелниот договор на Гвардиола истекува на крајот од оваа натпреварувачка кампања, постоеја низа шпекулации во врска со неговата иднина, но на крај сите тие се демантирани. Информациите за негово заминување особено се интензивираа минатиот месец откако од Манчестер Сити си замина Чики Бегиристаин со кого соработуваше долго време.
Новиот договор ќе биде потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една.
Гвардиола дојде во Сити во 2016 година и оттогаш освои шест шампионски титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите или вкупно 18 трофеи со што е убедливо најуспешен тренер во историјата на клубот.