Селекторот на Данска не доби ниту едно прашање и си замина од прес-конференција (ВИДЕО)

Србија одигра нерешено со Данска на домашен терен во Лигата на нации, а по мечот беше забележана една необична ситуација во која главна улога беше данскиот селектор Брајан Ремер.

Ремер се појави пред новинарите по ремито без голови во Србија, но ниту еден од присутните не му постави прашање, по што селекторот си замина од прес-конференцијата.