Алкараз го нокаутира Рубљев и остана во игра за полуфинале во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска славеше против Андреј Рубљев со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-6 по 97 минути игра и остана во игра за полуфинале на завршниот турнир во Торино.

Алкараз пристигна болен на турнирот и тоа можеше да се забележи на неговиот прв настап против Каспер Руд, но очигледно успеа да се одмори и да собере енергија за да го нокаутира Рубљев во два сета.

Шпанецот ги зачува шансите за пласман во полуфинале и во третото коло од групната фаза ќе игра против Александер Зверев.