Пешиќ одбил европски гигант за да остане селектор на Србија

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ неодамна го продолжи договорот и ќе остане на кормилото кај нашиот северен сосед, иако имал интересна понуда од европски гигант.

Пешиќ откри дека добил понуда од Барселона, но Пешиќ решил да остане да ѝ помогне на Србија во следниот период.

„Ќерка ми работи во академијата на Барселона, мојот однос со тимот никогаш не бил прекинат. Имав договор со Ла Масија каде што се создаваат најдобрите кошаркари во светот. Сепак, добив понуда од репрезентацијата и решив да останам“, кажа Пешиќ.