Алкараз ќе се повлече од завршниот турнир во Торино?

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз загуби со 1-6 и 5-7 од Каспер Руд на почетокот на завршниот турнир во Торино, иако неодамна најави дека планира да го освои трофејот.

Алкараз во меѓувреме се разболел поради што не се подготвувал за турнирот во Торино, а денеска се појавил на тренинг и останал само пет минути на теренот.

Неговиот тренер Хуан Карлос Фереро кажа дека Алкараз би можел да се повлече од турнирот, односно да не настапи во второто коло.

„Штом почне да се движи, има проблеми со дишењето. Го боли градниот кош. Ова е незгоден момент да се разболи“, кажа Фереро.