Алкараз по поразот од Руд: Се разболев пред турнирот во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз неодамна најави дека ќе го нападне пехарот на завршниот турнир во Торино, но потоа доживеа разочарување на стартот на натпреварувањето.

Алкараз беше поразен од Каспер Руд со 1-6 и 5-7, по што излезе пред новинарите и кажа дека не бил подготвен за турнирот затоа што е болен.

„Пред да дојдам во Торино, се разболев, не можев да тренирам нормално. Се чувствувам лошо. Се надевав дека ќе ми биде подобро, но денеска имам проблеми со стомакот. Вистината е дека можев да одиграм подобро“, кажа Алкараз.