Лорис откри каков „лузер“ е газдата на Тотнем, Даниел Леви
Сите знаат за отказот на Жозе Мурињо на неколку дена пред финалето од Лига Купот на Англија. Ако Португалецот ја освоеше титулата, Леви ќе требаше да му даде отказ, па за секој случај му даде претходно со цел да нема дополнителен трошок во случај на успех.
Но, поранешниот голман на спарс, открива шокантен потег на Леви. Газдата на Тотнем пред финалето од ЛШ во 2019 со помош на спонзор им подарил луксузни часовници на фудбалерите на кои било изгравирано „Финалисти“.
„На четири дена пред финалето, Даниел Леви не собра сите и ни соопшти дека со помош на еден од спонзорите ќе добиеме луксузни часовници. На почетокот, кога ги видовме елегантните кутии, сите бевме возбудени. Но кога ги отворивме кутиите, видовме дека на часовникот е изгравирано името на фудбалерот и зборовите „Финалисти Лига на шампиони 2019““, открива голманот.
„„Финалисти“ Па кој прави нешто вакво? Се уште се чудам и не сум единствениот. Ако победевме дали ќе побараа да им ги вратиме назад и да изгравираат „Победници“. Имам голема почит за Даниел Леви и се што тој има направено, но ова нема смисла“.
„Без разлика колку е убав часовникот, никогаш не сум го носел. Подобро ќе беше ништо да немаше изгравирано“.
„Со ваква порака изгравирано, сигурно Леви не можел да се изненади од тоа што губевме со 1-0 по само неколку минути“.