Работнички го смени плејмејкерот – избрка Србин, а ангажира Американец!

Работнички пред понеделничкото дерби со ТФТ направи промена на плејмејкерската позиција, откако ја прекина соработката со Михаило Јовичиќ, а на негово место ангажира Американец.

Српскиот интернационалец не ги исполни очекувањата, со оглед што во трите одиграни натпревари во Првата лига постигнуваше просечно 3,7 поени, додека во АБА 2 постигнуваше по девет поени, но и покрај тоа центарци ги загуби три натпревари во кои тој играше.

На негово место доаѓа Малколм Бернард, добро познат на македонската кошаркарска сцена со оглед што е поранешен играч на Пелистер. Тој се враќа во Македонија по краткиот период во дресот на Хелиос Домжале, а со црвено-белите потпиша до крајот на сезоната.

Работнички по пет одиграни кола е на второто место во Првата лига и тоа со четири победи и еден пораз.