Тео Симиќ потпиша за ТФТ, првпат ќе игра во Првата македонска лига
Симиќ уште на 14 години замина од Македонија, се пресели во Барселона каде ги помина младинските категории на каталонскиот гигант, лани играше за Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина, а по кратка авантура во Прат се врати во Македонија.
Тимот од Тафталиџе доби сериозно засилување во Симиќ, тој е веќе третиот репрезентативец кој го има ТФТ по Адем Мекиќ и Страхил Николов.
Дебито на Симиќ за ТФТ треба да се случи во понеделник на мечот против Работнички.