Македонската женска кошаркарка репрезентација загуби од Украина со убедливи 49-98 за трет пораз во квалификациите за Евробаскетот.

Нашите кошаркарки не најдоа решение за расположениот напад на Украина, кој ни даде по 26 поени во првата и втората четвртина, додека Македонија постигна само 26 поени во текот на цело прво полувреме (52-26).

Очајната игра на македонските кошаркарки продолжи во третата четвртина, кога постигнаа само седум поени, додека Украина дополнително ја зголеми предноста и до крајот на мечот го диктираше темпото за да слави со 98-49.

Најдобра во редовите на Украина беше Балабан со 19 поени, додека Хемпе постигна 17 поени за Македонија.