Рајс со скршен палец сака да игра против Челси!

Арсенал падна на петтото место во Премиерлигата и полека ја губи битката за титулата, па не смее да си дозволи нов кикс во шампионатот и затоа в недела ќе оди на победа кај градскиот ривал Челси.

Во редовите на „топчиите“ постои голема желба за победа против „сините“, а тоа го покажа и потегот на Деклан Рајс.

Фудбалерот на Арсенал го скрши палецот, но и покрај тоа не се предава и сака да настапи против Челси на „Стемфорд бриџ“ в недела.

Тренерот Микел Артета го има последниот збор за целата ситуација, но според медиумите постои голема шанса да му даде шанса на Рајс на теренот.