Богот на дождот му донесе спектакуларна победа на Верстапен во Бразил!
Тоа е негова прва победа по повеќе од четири месеци, односно по 30 јуни кога триумфираше на трката во Австрија. Сепак, оваа е најслатка можеби во неговата кариера ако се знае дека стартуваше од 17. место и ги искористи сите грешки на конкурентите, хаотичниот теk, судирите и ужасните услови имајќи предвид дека врнеше силен дожд и на крај победи со огромна предност пред второпласираниот Окон.
Трката ја одбележаа инцидентите поради што таа беше прекината во два наврата. Првиот поголем прекин е забележан во 27. круг кога Нико Хулкенберг излета на еден од патеката поради што на неа излезе безбедносно возило. Пет круга подоцна повторно прекин бидејќи возачит на Вилијамс, Франко Колапинто потполно го уништи својот болид.
Во моментот на тој прекин, Окон водеше пред Ферстапен, Гасли, Норис и Расел, а откако 20 минути подоцна трката беше прекината, на врвот немаше промени додека Норис не погреши. Во 36. круг на патеката повторно излезе безбедносно возило поради излетувањето на Карлос Саинс.
И кога трката беше продолжена по трет пат, Ферстапен извозе маестрално, веднаш го претекна Окон и се одвои, додека Норис направи грешка поради која падна на седмата позиција. Откако излезе на првото место, веќе немаше застанување за Ферстапен кој од круг во круг ја зголемуваше предноста и на крајот убедливо стигна до својата 62. победа во кариерата. Второто место го освои Окон, а подиумот го комплетира Гасли. Норис заврши на шестата позиција со 42 секунди побавно време од Ферстапен.
По денешната победа, Ферстапен има 393 бода, 62 повеќе од Ландо Норис и веќе на следната трка, во Лас Вегас за три недели може да ја прослави четвртата титула во кариерата.