Уште недојден, Аморим предизвика бунт во соблекувалната на Јунајтед
Се очекува утре тој да биде присутен на Стемфорд Бриџ, на дербито против Челси каде ќе има можност во живо да го види својот нов тим, но цела Англија денеска зборува за она што се случувало во соблекувалната на Јунајтед. Аморим со себе носи цел стручен штаб што би значело дека за Руд ван Нистелрој нема да има место како негов соработник.
На тоа, како што тврди денеска Сан, се побуниле сите играчи на Манчестер Јунајтед кои сакаат холандскиот стручњак да остане и да работи со нив, задоволни од неговиот однос и познавање на екипата. Последниот збор на оваа тема ќе ја има Аморим кој треба да одлучи дали Ван Нистелрој му е потребен или не.
Англиските медиуми пишуваат дека под притисок на фудбалерите тој ќе го задржи Ван Нистелрој во стручниот штаб, но кога е нешто изнудено, прашање е колку ќе има соработка меѓу нив двајца.