Ѓоковиќ покажа огромно срце – емотивно се збогува со настраданите во Нови Сад (ФОТО)

Вчера во Нови Сад се урна надстрешница на железничката станица, што резултираше со трагичен исход од 14 загинати, додека три лица се наоѓаат во итна медицинска помош.

Цела Србија, но и поширокиот регион, се шокирани поради овој инцидент, а бројни пораки на поддршка пристигнуваат од сите краеви. Меѓу нив е и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

„Моето срце е со сите оние погодени од трагедијата во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство, мисли и молитви за семејствата на загинатите“, напиша популарниот Ноле.

Акцијата за спасување траеше цел ден, а надлежните и понатаму работат на процена на ситуацијата и обезбедување помош за повредените.