Драма во Евролигата: Навивач се борел за живот на трибините

На вчерашниот натпревар од седмото коло во Евролигата помеѓу Жалгирис и Монако присутните биле сведоци на непријатни сцени откако еден навивач се борел за живот.

Според информациите навивачот се онесвестил на трибините, а докторите итно реагирале за да му го спасат животот.

Литванскиот портал „ЛРТ“  пренесува дека на навивачот му се слошило и изгубил свест со што предикал загриженост и вознемирување на гледачите околу него.

Реанимацијата траела околу 20 минути и за среќа се на крајот добро се завршило. Животот на навивачот бил спасен и тој е пренесен во болница каде што состојбата му се стабилизирала.

Кога е натпреварот во прашање Жалгирис славеше победа против Монако со резултат 63-62 и така го задржа првото место на табелата со учинок 6-1.