Артета ги израдува навивачите: Капитенот пред враќање на терените
Артета потврди дека Одегард нема да игра против Њукасл во сабота, но не ја отфрли можноста тој да биде спремен веќе за следниот натпревар против Интер во среда од Лигата на шампоните.
„Сега е во фаза во која со нас ќе прави одредени работи. Ќе видиме како ќе ја поднесе болката и дали неговото движење е правилно. Физички е на нивото кое е потребно. Со оглед на на работата и часовите кои ги вложи би бил изненаден ако во моментот кога ќе започне да тренира не биде физички подготвен за настап. Се надевам ќе го имаме многу наскоро на распологање“, изјави Артета.
Одегард се повреди на 9 септември во настапот за Норвешка во Лигата на Нации.
Исто така Артета соопшти дека Рикардо Калифиори ќе го пропушти натпреварот против Њукасл, но Габриел би можел да биде во комбинација за настап.