Откажана трката во Валенсија по страшната поплава!

Раководството на Мото ГП шампионатот соопшти дека трката во Валенсија, која требаше да биде последна во сезоната, нема да се вози поради големи поплави кои го зафатија регионот.

Двојниот светски шампион Франческо Бањаја претходно кажа дека нема да вози во Валенсија, дури тоа да значи и дека ќе остане без титулата, по што следеше експресна реакција од Мото ГП.

Засега не е познато каде ќе се вози последната трка во сезоната, но наскоро се очекуваат повеќе детали.

Лидер во шампионатот е Хорхе Мартин, додека зад него е Бањаја со 17 бодови помалку.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MotoGP™ (@motogp)