Мурињо уште не го заборава финалето од ЛЕ: Не можам да го прифатам тој пораз!

Во интервју за „Скај Спортс“, Жозе Мурињо уште еднаш се наврати на финалето со Рома во Лига Европа кога на пенали загуби од Севиља.

Португалскиот стратег уште не може да се помири дека судијата Ентони Тејлор не само што не ѝ досуди на Рома чист пенал поради игра со рака, туку не сакаше ни да погледне ВАР снимка.

„Го загубив финалето со Рома на начин кој уште не можам да го прифатам и го мислам тоа уште од тогаш. Мислам дека не е фер, но кога сакаат да те турнат, ќе го направат тоа, па ние треба да почнеме од ново, но за мене не е така“, вели Мурињо

„Со Фенербахче бевме елиминирани од квалификациите во ЛШ против Лил поради пенал досуден во 94. минута кој само ВАР можеше да го види. Тоа е битка која никогаш не можам да ја добијам“.

„Заслужувам да бидам третиран како и сите други. На теренот не е важно дали сте Лионел Меси или го играте вашиот прв меч. Правилата се еднакви и за Меси и за млад играч“.

„Исто треба да биде и за тренерите, не е важно дали сте Карло Анчелоти или млад тренер. Јас не очекувам специјален третман за мене, но тешко ми е да прифатам кога добивам црвен картон затоа што сум викнал погласно, а сите го прават тоа и не ги исклучуваат“.