Лазаров со еден странец, а без Митревски и Талески против Естонија и Литванија!

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификации за ЕП за две години во Данска, Шведска и Норвешка, на кој по подолго време на него го нема Никола Митревски, кој за овој циклус ќе ја има улогата на резерва, но и Филип Талески од Бенфика.

На листата со 20 ракометари има само еден што настапува надвор од македонското првенство и тоа голманот Мартин Томовски од германски Потсдам, а сите останатите се од трите најдобри клубови во државата – Алкалоид, Пелистер и Вардар.

Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе одигра два натпревари – дома против Естонија и на гости против Литванија, првиот во „Борис Трајковски“ на 6 ноември (среда), а вториот во Вилнус . Потоа, во второто коло, репрезентацијата ќе патува во Литванија, каде што на 10 ноември ќе гостува во Вилнус.

Собирот на репрезентативците е закажан за в недела во еден од скопските хотели. Списокот со потенцијалните репрезентативци погледнете го ТУКА.