РФМ одреди популарни цени за пресметката со Естонија – билетите се во продажба!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска извести дека билети за квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Естонија се веќе во продажба.

Дуелот ќе се одржи на 6. ноември (среда) во салата „Борис Трајковски“, а билети веќе може да се купат онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) или на сите продажни места на МК Тикетс низ целата држава.

Цените на билетите се 200 и 300 денари. Овој натпревар е важен дел од квалификациите за ЕП 2026, во кои, покрај Македонија и Естонија, учествуваат и селекциите на Литванија и Словенија. Првите две селекции од групата ќе се квалификуваат директно за континенталниот собир, заедно со четири најдобро третопласирани.