Нистелрој вечерва ќе го води Јунајтед и ќе си замине како – единствен во историјата!

Екипата на Манчестер јунајтед Вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се соочи со Лестер во меч од Лига купот, што ќе биде прв и веројатно последен натпревар за Руд ван Нистелрој како привремен тренер на „црвените ѓаволи“.

Холандската легенда ќе го предводи тимот против „лисиците“, по што се очекува да замине од клубот, а на негово место се најавува Рубен Аморим од Спортинг Лисабон, кој се очекува да дебитира викендов против Челзи. Ван Нистелрој, кој во клубот пристигна како помошник на поранешниот менаџер Ерик Тен Хаг, изрази дека не се гледа во улогата на тренер без својот „шеф“. Дополнително, Аморим планира да донесе свои асистенти, што дополнително го комплицира неговиот статус во клубот.

Како утеха, Холанѓанецот од „Олд Трафорд“ ќе замине во историјата како менаџер (привремен или регуларен) со најмалку натпревари – само еден. Најблиску до него се Мајкл Керик со три и Рајан Гигс со четири меча како привремени менаџерит на Јунајтед.