Слатка одмазда: Михаилов среде Скопје го среди „својот“ Вардар (ФОТО)
„Црвено-црните“ никако не успеваат да ја прекинат црната серија во Првата лига, откако веќе шест меча не знаат за победа, а дури пет од нив ги загубија.
Голот за победа на екипата од Струмица го постигна Ѓорѓе Ивковиќ во 19. минута, па така и тренерот Горазд Михаилов ја дочека одмаздата против скопскиот гигант по отказот кој го доби на почетокот на сезоната.
Вардар со овој пораз падна на последното место во Првата лига и има осум бодови, колку и Тиквеш, но и полоша гол-разлика од кавадарчани.