Адеми и Ристовски меѓу најплатените во Динамо – годишно инкасираат 1,5 милион евра!

Хрватските медиуми денеска ги објавија платите на фудбалерите на Динамо Загреб, кои за македонски услови се феноменални, но за европски се дури и смешни, со оглед што овој тим настапува во Лигата на шампионите каде што против себе има ривали со повеќе од десеткратно поголеми плати.

Меѓу најплатените во таборот на „модрите“ се македонските интернационалци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои се на листата од петмината со најголеми годишни плати. Двајцата вкупно инкасираат нешто повеќе од 1,5 милиони евра, со тоа што Адеми е нешто поплатен со плата од 840.000 евра, додека Ристовски на сметка добива по 700.000 евра за сезона.

Хрватските медиуми се изненадени што еден од најталентираните и највредни во тимот, Петар Сичиќ, заработува смешни 72.000 евра по сезона, без разлика што за него летово италијански Комо беше подготвен да плати дури 10 милиони евра.