„Тенисот е брутален спорт, мора да бидете животно како Ѓоковиќ!“

Австралискиот тенисер Ник Кирјос гостуваше во една емисија каде што зборуваше за „белиот спорт“ и за тоа колку е тешко да се биде спортист.

Кирјос зборуваше за жртвата која мора да ја даде секој тенисер доколку сака да успее во спортот.

„Тенисот е спорт каде што сè плаќате сами. Тенисот е тежок спорт, мора да бидете неверојатни психички стабилни затоа што постојано патувате. Физички мора да бидете како животно, како што е Новак Ѓоковиќ. Тој е еден од најдобрите спортисти во историјата. Тенисот знае да биде брутален спорт“, вели Кирјос.

За тоа колку е тешко да се игра тенис зборува и фактот што Кирјос беше на праг до самоубиство.

„Навистина размислував за самоубиство. Го загубив Вимблдон, а потоа се разбудив покрај мојот татко кој плачеше. Тоа ми беше знак дека морам да се разбудам, по што завршив во болница“, кажа контроверзниот тенисер.