Анчелоти предложил да го бојкотираат доделувањето на „Златната топка“

Доделувањето на престижната награда „Златна топка“ не можеше да помине без контроверзи, откако Реал Мадрид реши да ја бојкотира церемонијата поради тоа што освојувач на признанието не беше Винисиус Жуниор, туку Родри од Манчестер сити.

Винисиус имаше закажано забава затоа што очекуваше да ја добие „Златната топка“, но потоа дозна големо разочарување, а експедицијата на „кралевите“ го откажа гостувањето во Париз.

Иако се шпекулираше дека тоа било наредба на претседателот Флорентино Перез, сепак зад одлуката на тимот стои тренерот Карло Анчелоти.