Спортинг не попушта: Аморим може да го преземе Јунајтед, но по репрезентативната пауза!

Манчестер јунајтед ја пронајде замената за Ерик Тен Хаг, меѓутоа има проблеми да се договори со Спортинг Лисабон за Рубен Аморим.

„Црвените ѓаволи“ мора да платат 10 милиони евра за услугите на Аморим, меѓутоа дополнителен проблем е тоа што Спортинг не сака да го пушти стратегот до репрезентативната пауза.

Португалските медиуми пишуваат дека Аморим би седнал на кормилото на „ѓаволите“ дури по следната репрезентативна пауза, односно премиерлигашот во следните три недели ќе мора да му верува на привремениот стратег Руд Ван Нистелрој.