Македонија без Костадинов на последните натпревари од Лигата на нации
Костадинов на еден од тренинзите во својот Пјаст Главице ја обнови старата повреда и според информациите го чека пауза од најмалку три недели.
Собирот на репрезентацијата е за две недели, па така селекторот Милевски ќе треба да бара ново решение бидејќи Костадинов во претходните натпревари добиваше стандардна минутажа.
Ќе потсетием, македонскиот фудбалер пред една година се врати на фудбалските терени откако имаше тешка повреда и две хируршки интервенции поради кои паузираше 19 месеци.