Вестбрук со фаул за „црвен картон“ предизвика хаос и општа мешаница во Торонто (ВИДЕО)

На синоќешниот натпреварот помеѓу Денвер нагетс и Торонто репторс се случи хаотична ситуација, која за малку не прерасна во општа тепачка.

Домаќинот на почетокот на последната четвртина организираше брз контранапад, а Расел Вестбрук направи фаул за „црвен картон“, со кој ја зголеми тензијата. Вниманието потоа се насочи кон Ерон Гордон. Најагресивен во реакцијата беше Скоти Барнс и ситуацијата за момент излезе од контрола, но брзата реакција на сите играчи на теренот спречи поголеми инциденти.

Денвер на крајот ја однесе победата (127-125), за која најзаслужен беше Никола Јокиќ со 40 поени и 10 скока.