Мота: Интер и Наполи се фаворити за Скудетото

Во Италија утре се игра големото дерби помеѓу Интер и Јувентус, а пред овој натпревар тренерот на „старата дама“, Тијаго Мота даде изјава која нема да им се допадне на навивачите.

Имено, на прашањето за Скудетото во Италија, Мота предност им даде на Интер и Наполи.

„Јасно е дека фаворити за Скудетото се Наполи и Интер, тие ги освојуваа и во последните две. Утре мораме да се фокусираме и не смееме да правиме грешки ако сакаме успех“, изјави Мота.

Поразот од Штутгарт во Лигата на шампионите беше прв за Јувентус.

„Тоа е првиот пораз кој ни се случи оваа сезона. Дури и кога ќе победиме, продолжуваме понатаму. Немаме време да славиме и да размислуваме за победата. Минатото е минато. Штутгарт е зад нас, сега играме со Интер“, истакна тренерот на „старата дама“.

Дербито помеѓу Интер и Јувентус се игра утре од 18:00 часот.