Одбиена жалбата на Мекларен: Норис остана без подиум во Остин

Тимот на Мекларен не успеа да ја поништи казната на Ландо Норис од трката за Големата награда на САД, откако нивната жалба беше одбиена.

Судиите имаа видео-состанок со претставници на Мекларен, Ред Бул и ФИА, по што не ја прифатија жалбата за поништување на казната од пет секунди на Норис.

Целта на Мекларен беше да се поништи казната од пет секунди, со што Норис ќе завршеше пред Макс Ферстапен и ќе ја намалеше разликата во шампионатот.