Мурињо ужива во луксузен хотел и плаќа по 1.200 евра за ноќ (ВИДЕО)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо од јули седна на кормилото на турскиот гигант Фенербахче, но сè уште не си најде нов дом, па реши да престојува во луксузен хотел.

Мурињо ужива во луксузот и наводно плаќа по 1.200 евра за ноќ во хотелот, според турските медиуми.

Доколку се пресмета периодот кој го поминал во Турција значи Мурињо досега потрошил над 170.000 евра за сместување во хотелот.