
Монако пукна „петарда“ против Ц. Звезда, Милан го скрши Клуб Бриж (ВИДЕО)
Кристијан Пулишиќ погоди директно од корнер во 34. минута за предност од 1-0 на „росонерите“, а потоа Ониедика доби црвен картон и им создаде проблеми за гостите.
Клуб Бриж, сепак, успеа да израмни преку Сабе во 51. минута, по што на сцена се појави Рејндерс кој со два погодоци го реши мечот во корист на Милан (3-1).
Монако поведе со погодокот на Минамино во 20. минута, а потоа Ндиаје израмни на 1-1 од пенал во 27. минута и ги налути „кнезовите“ кои во продолжение постигнаа уште четири погодоци.
Емболо пред крајот на првиот дел стрелаше за да го врати водството на Монако (2-1), а потоа во листата на стрелци се запишаа и Синго, Минамино и Аклиуче.