Фудбалски ѕвезди вмешани во измама со шема слична на „македонската“ Конти

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и уште неколку големи имиња како Роналдињо, Роберто Карлос, Луис Фиго Икер Касиљас и Фернандо Јеро се вмешани во скандал со измамама преку пирамидална шема.

Како што се наведува тие соработувале со крипто компанија која ветувала профит од 300%, но сега таа компанија добива тужби од жрвтите во пирамидата.

На инвеститорите им се ветувало враќање од 300% на сумата за 14 месеци. Подоцна терминот се одолговлечил на 18, па на 26 за на крајот да стане јасно дека се работи за имамама.

Според информациите околу три милиони луѓе инвестирале три милијарди евра во оваа пирамида наречена „Омегапро“.

Тројца од основачите се уапсени, додека уште двајца се во бегство. Шпанските медиуми пренесуваат и дека 56-годишна жена во оваа измама изгубила 18.000 евра.

„Не ми е јасно како може да биде ваква измама. Вклучени беа познати фудбалери, а логото на компанијата сотеше на голем облакодер во Дубаи“, зборувала жртвата Долорес.

„Омегапро“ преку имиџот на фудбалерите ги убедувала луѓето дека тие се вистинската компанија за граѓаните да ги вложуваат своите пари.