Брутално го нокаутираше противникот, па сега му се заканува доживотна суспензија (ВИДЕО)

На боксерски настан во Тајланд се сретнаа Русинот Идрис Абдурашифов и Иранецот Бахаер Фарај. Нивниот меч беше боксерски иако, Абдурашидов е талентиран 21-годишен ММА борец.

Абдурашидов во ММА има скор од 4-0, додека Фарај пред борбата беше на скор од 2-0. Мечот на крајот заврши со дисквалификацијан а Абдурашидов и победа на Фараи.
Во текот при една жестока размена на удар во последната рунда Абдурашдов со брутален удар со нога кој не е дозволен го нокаутираше противникот.

Секако тој беше веднаш дисквалификуван, но за него се бара и доживотна суспензија од спортот и според информациите од луѓето запозаени со боксерските спортови такво нешто е реална опција.