Не може без фудбал: Иниеста започнува нова кариера

Легендарниот Андрес Иниеста неодамна на 40 години ја заврши играчката кариера во која освои се што може да се освои.

Кариерата Иниеста ја заврши во Обединетите Арапски Емирати, а по само неколку месеци одлучи да се посвети на новата кариера, исто така во светот на фудбалот.

Имено, Шпанецот запиша тренерски курс во Фудбалскиот сојуз на ОАЕ од каде што потоа ќе добие лиценца за работа ќе и може да стане тренер во стручниот штаб или тренер на првиот тим.

Во текот на богатата кариера Иниеста дел од првиот тим на Барселона беше цели 16 години по што се пресели во јапонскиот Висел Кобе каде што играше пет години, се до минатата кога пристигна во ОАЕ.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 131 натпревар и постигна 13 гола, а посебно ќе се помаети оној во финалето во 2010 година за титула на Шпанците.