Закариќ: Поддршката од навивачите многу ни значи, се надевам ќе ја имаме и понатаму

Македонскиот најтрофеен клуб Вардар во рамките од 10. коло ќе игра натпревар против екипата на Беса.

Пред овој натпревар преку клупските канали изјава даде еден од најважните фудбалери на црвено-црните Горан Закариќ.

Закариќ најави дека тимот ја искористил репрезентативната пауза да подобри одредени сегменти, а свесен е дека досегашните резултати не се онакви какви што се очекува.

„Нè очекува тежок натпревар в недела. Свесни сме дека во првенството не влеговме онака како што очекувавме, меѓутоа сигурен сум дека ако излеземе на теренот и го дадеме својот максимум резлтатот нема да изостане. Репрезентативната пауза ја искористивме за да подобриме одредени сегменти од играта. Работевме напорно следејќи ги инструкциите на тренерот Захариевски. Знам дека навивачите и сите други кои го сакаат Вардар не се задоволни. Сепак, нивната поддршка навистина ни значи многу и искрено од срце се надевам дека ќе ја имаме и понатаму на следните натпревари“, изјави Закариќ.

Натпреварот помеѓу Беса и Вардар како и останатите натпревари од ова коло се игра во терминот од 14:00 часот.