Фудбалерот на Удинезе сам се сопна, а Милан остана со играч помалку (ВИДЕО)

Eкипата на Милан во натпреварот против Удинезе во рамките од 8. коло во Серија А сигурно ќе има забелешки на арбитражата во овој дуел.

Фудбалерот на „росонерите“ Тијани Рејдерс беше исклучен во 29. минута откако доби директен црвен картон, но впечаток е дека напаѓачот на Удинезе во таа ситуација самиот се сопна и падна на теренот.

Зачудувачки е како и судиите во ВАР собата го потврдија ваквиот црвен картон.