Полицијата ги избрка членовите на Фемили од трибините во „Кале“ (ФОТО+ВИДЕО)

Пресметката помеѓу Работнички и МЗТ Скопје дефинитивно ќе се доигра вечерва, но засега сигурно без присуство на членовите на навивачката група Фемили, кои беа отстранети од салата СРЦ „Кале“ со принуда од полицијата.

Официјална информација околу причините за нивното отстранување засега нема, а целиот процес мина мирно и без инциденти, што секако е за поздравување без разлика на непопуларноста на потегот. Засега нема најава за нешто слично на другата страна од салата, односно во делот каде што беа фановите на домашниот тим.

Вечното дерби се уште е прекинато, откако кошаркарите на двата тима и официјалните лица се повлекоа од теренот по фрлањето пиротехнички средства на паркетот на стартот од втората четвртина. МЗТ Скопје во тој момент водеше со 30-13.