Чаир 2030 ги повика навивачите на мечот со Шкупи за да – дишат албански (ФОТО)

Некако во сенка на вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, кое се игра вечерва во СРЦ „Кале“ со почеток од 18 часот, еден час подоцна на програмата е уште една важна кошаркарска пресметка, која го доби епитетот прво „албанско дерби“ во елитата.

Станува збор за дуелот на Чаир 2030 и на Шкупи, закажано за од 19 часот во салата „Шабан Трстена“ во населбата Чаир, кое исто како и другиот скопски дуел е прогласен за меч од висок ризик. Спортскиот елемент не е причина за ваквата одлука на КФМ, со оглед што играат првиот и последниот тим на табелата туку можноста од некакви ескалации на трибините пред се од националистичка природа.

За можност од ваков проблем доаѓа и најавата на домашниот тим, кој на социјалните мрежи без да потенцира дека станува збор за меч од македонската Прва лига, помеѓу два тима од Македонија, кусо напиша: „Дишеме албански!“.