Бормут го шокираше Арсенал! (ВИДЕО)

Екипата на Бормут го приреди најголемото изненадување во денешните натпревари и на свој терен славеше победа против Арсенал од 2-0.

Проблемите за Арсенал започнаа по половина час игра кога Салиба заработи директен црвен картон.

Во првиот дел не видовме погодоци, а домаќините триумфот го обезбедија со двата гола во десет минути во второто полувреме.

Прво Кристи на асистенција на Клајверт го отвори резултатот во 70. минута, додека во 79. минута Клајверт и самиот се запиша во листата на стрелци од пенал.

Арсенал и покрај поразот по ова 8. коло ќе остане на третата позиција со 17 бода, но сега Манчестер Сити и Ливерпул имаат прилика со евентуални победи да се „одлепат“ на три, односно четири бода.