ВАР го спасуваше Милан, „росонерите“ и со играч помалку до победа (ВИДЕО)

Екипата на Милан се радуваше на победа во осмото коло од италијанското првенство и со 1-0 славеше на домашен терен против Удинезе

Избраниците на Пауло Фонсека успеаа да дојдат до триумф иако повеќе од еден час играа со играч помалку.

Голот за водство на „росонерите“ го постигна Чуквуезе на асистенција на Пулишиќ по само 13 минути игра.

Се играше 29. минута кога Тијани Рејндерс заработи директен црвен картон кој веројатно ќе биде предмет на коментари во наредните денови.

Удинезе на крајот и немаше среќа бидејќи по прегледување на ВАР им беа поништени два гола поради милиметарски офсајди, по еден во првиот и вториот дел.

Милан со овој триумф ќе го прескокне Удинезе на табелата и сега е на третата позиција со 14 бодови, но дали ќе остане тука ќе зависи од исходот на дербито помеѓу Јувентус и Лацио кое се игра вечерва.