Хет-трик на Кејн во едно полувреме, Баерн пресилен за Штутгарт (ВИДЕО)
Создаваше прилики и напаѓаше Баерн од самиот старт, меѓутоа во првиот дел мрежите мируваа и не видовме погодоци.
Во второто полувреме кај баварците се разбуди Хари Кејн кој со три гола го сруши ривалот. Прво набрзина во четири минути погодуваше во 57. и 61. минута, а на десет минути пред крајот и уште еднаш се запиша во листата на стрелци.
Конечните 4-0 ги постави Кингсли Коман со погодокот во завршницата од мечот.