Ѓоковиќ подобар од Надал за крај на големото ривалство (ВИДЕО)

Вечерва дојде крајот и на едно големо ривалство во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ со 2-0 го совлада Рафаел Надал во битката за третото место на турнирот во Ријад.

Ѓоковиќ беше подобар противник од почетокто до крајот на мечот и на крајот заслужено славеше. Во првиот сет Надал освои само два гема и немаше никакви шанси (6:2).

Вториот сет донесе израмнета игра, Ѓоковиќ првата меч топка ја имаше при 5:4 на сервис на Надал, но не ја искористи.

На крајот сетот се решаваше во тај-брејк каде што Новак беше подобар.

Ќе потсетиме, вечерва се игра и финалето на турнирот кое е борба за шест милиони долари, а во него ќе се соочат Јаник Синер и Карлос Алкараз.