Вест Хем го начна Тотнем, па доживеа дебакл (ВИДЕО)

Тотнем славеше во лондонското дерби откако на домашен терен го совлада тимот на Вест Хем со 4-1.

Интересно е тоа што „чеканите“ го зададоа првиот удар на овој меч бидејќи поведоа преку Кудус во 18. минута. Тотнем се мачеше до 36. минута, потоа Кулушевски го израмни резултатот, а во второто полувреме следуваше вистинска канонада по голот на гостинскиот тим. Во период од осум минути, три пати се тресеше мрежата на Вест Хем, прво погоди Бисума, потоа Тодибо си постигна автогол, за на крајот Сон да го постави конечниот резултат.

Ова е трета победа за Тотнем на домашен терен и вкупно четврта во сезоната по што дојде до бројката од 13 бода на своето конто. Вест Хем пстана на осум бода со можност дополнително да го влоши својот пласман кој сега е 14. место на табелата.