Кјелце во последна секунда го шокира Колштад (ВИДЕО)

Ракометарите на Кјелце триумфираа во дербито против Колштад со 33-32 во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Колштад во првото полувреме поведе со 13-9, но потоа следеше одговор од Кјелце и со серија од 4-0 успеа да израмни на 13-13, по што продолжи израмнетата игра до крајот на првите 30 минути (17-17).

Кјелце ја презема иницијативата во вториот дел и создаде предност од шест голови (26-20), по што Колштад влезе во серија од 6-0 и израмни на 26-26.

Полскиот тим во завршницата на мечот успеа да го скрши Колштад, откако во последна секунда од мечот постигна гол за 33-32.

Морито и Нахи со по осум голови беа најефикасни кај Кјелце, додека Јепесон запиша осум погодоци за Колштад.

Веспрем славеше против Федериција со 34-32, а најефикасен во победничкиот состав беше Недим Ремили со девет голови, додека Бисгард запиша шест погодоци за поразениот тим.