ФФМ го казни Вардар со 5.000 евра!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар бил казнет со 5.000 евра поради навивачката група „Комити“ кои направија пиротехничко шоу на дуелот со Струга Трим Лум.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече казна на скопскиот гигант, а за тоа пристигна потврда на социјалните мрежи.

„Заради пиротехничкото шоу на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра“, соопшти Вардар

Вардар беше поразен во дуелот против Струга Трим Лум со 1-4.